Енвер Хусејин кој е од Радовиш, претходен Државен секретар во Министерството за образование и наука е избран за заменик на министертата која раководи со Министерството за труд и социјална политика.
Хусејин беше кандидат за пратеник од Турската демократска партија како коалиционен партнер на СДСМ од одржаните избори.
Заменици-министри
– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,
– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,
– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,
– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,
– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,
– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,
– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,
– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,
– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,
– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,
– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,
– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура,
– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,
– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и
– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење