Радовишки марифети: МОДРИ ПАТЛИЏАНИ ЗА ЗИМНИЦА

Кој пробал знае – Модриот патлиџан во тегла за зимница има многу посебен вкус.

Како и секој друг рецепт за зимница, почнувајќи од пиперките на 100 начини, руските салати и туршиите, така и модриот патлиџан во саламура е традиција во нашите радовишки марифети.


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кг модар патлицан
1 литар вински оцет
1 литар вода
80 г шеќер
80 г сол
црн пипер во зрно
лук, магдонос и масло за теглите


ПОСТАПКА:

Модриот патлиџан се мие и се сече на тркалца или половинки, се посолува и се остава да отстои 2-3 часа.

Во тенџере се става 1 литар вински оцет, 1 литар вода, 80 г шеќер, 80 г сол и црн пипер во зрно, па се става на оган да зоврие.

Модриот патлиџан се става во ова солило да се вари 5 минути, а потоа со решеткаста лажица се вади и се реди во тегли.

Некои наши сограѓани го попржуваат во тава и истата постапка се става во тегли и истите состојки.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Post your comments

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Временска прогноза