„Заедно сме посилни“ бeше овогодишното мото за светскиот ден на Џудото „28 октомври“.
Многу поразлични од оние кои што беа изминатите години, предизвикани од глобалната пандемија на коронавирусот, Џудо федерацијата на Македонија, и во Радовиш во организација на „Сенсеи“ беше одбележан овој ден со делење на маски заштитни средства за дезинфекција и др.
„Во чест таткото на џудото, Џигоро Кано наместо на татамите,во цела држава џудисти спроведоа низа активности со кои ќе придонесат за подобрување на ситуацијата во локалните заедници. Планирани се голем број на донации на храна и облека, еколошки акции, делење на заштитни маски и едукативни флаери кои ќе влијаат на подобрување на ситуацијата во овие времиња на екстремна здравствена и економска криза. Наменски насочените активности се дел од глобалната кампања на Интернационалната џудо федерација (ИЏФ) која годинава ја носи пораката „Заедно посилни“ – информираа од Федрацијата, и Џудо клубот „Сенсеи“.
*фото Џудо клуб „Сенсеи“
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови