РАДОВИШ ЗАФАТЕН СО ПОРОЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ

Во текот на вечерните и утринските часови Радовиш и околината беше зафатен со невреме и врнежи од пороен дожд.

Овие врнежи предизвикаа голем број на наноси по улиците каде што веќе во утринските часови екипи започуваа со санирање на наносите.

Силниот дожд предизвика и голем број на оштетувања и протекување на кровните конструкции на голем број стамбени објекти и домови на наши сограѓани.

Денес според метеоролозите ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови каде ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со пообилни врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Утринава исто така забележавме интервенција на Против пожарната екипа на една локација во Радовиш, каде што според нашите видувања контактите струја-вода имаа предизвикано некакви проблеми. 

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза