Фондацијата Чифлиганец денес донираше 12 персонални компјутери и 6 таблети за образовните институции од општина Радовиш.
Среќен почеток во новата учебна година на неколку училишта од Радовиш им посака генералниот директор на Адора инженеринг проф.д-р Ванчо Чифлиганец и извршната директорка, д-р Драгана Д. Чифлиганец со донација на нови компјутери. “Во вакви тешки времиња на пандемија КОВИД 19 Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец реши со донација од 12 нови персонални компјутери и 6 таблети на неколку училишта во Радовиш да им помогне на наставниците и на учениците непречено да ја реализираат и следат on-line наставата.
Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации”, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата во присуство на директорите на училиштата.
Тие изразија огромна благодарност и порачаа дека оваа иницијатива на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец” ќе биде пример кој ќе го следат и други компании, организации.
Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е основана во 2014-та година од Адора инженеринг, како круна на нејзината корпоративна општествена одговорност и продолжение на долгогодишната филантропска традиција на проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Мисијата на фондацијата е да го поддржи и унапреди развојот на образованието, науката, спортот, културата, уметноста, да организира хумани и други активности, со цел да придонесе за изградба на подобро и поздраво општество, посреќен и порамноправен свет, со еднакви можности за сите.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови