ОДИГРАНИ РЕДОВНИТЕ КОЛА НА НАШИТЕ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ

ФК Плачковица во саботата на домашен терен на стадионот во Радовиш го одигра осмото коло со екипата на ФК Кожуф од Гевгелија, овој натпревар нашите фубалери го одиграа солидно со повеќе шанси за гол но сепак ремизираше.

ФК Кожуф поведе со голот кој што беше од судениот пенал во првото полувреме, за во вториот дел кон крајот на натпреаврот Ристов изедначи за конечните 1-1.

Деветото коло ФК Плачковица го игра во сабота на гостински терен кај ФК Осогово во Кочани.


ФК Детонит го имаше првиот натпреавр на домашен терен со екипата на ФК Малеш од Берово во Третата фудбалска лига (Исток), во еден интересен и возбудлив натпреавр со голем број на шанси нашите фудбалери имаа уште првото полуврем резултат 3-1, второто го одиграа рутински каде што гостите постигаа еден гол за конечените 3-2.

Следното коло ФК Детонит го игра во Карбинци кај истоимената екипа, потоа со ФК Брегалница од Делчево на домашен терен. 


ФК Раклиш гостуваше во Струмица кај ФК Тиверија и овој натпреавр заврши со резултат 3-2 за домашната екипа. Од управата на ФК Раклиш реагираат на недоброто судење и нерегуларностите кои ги имале во овој натпревар.

Според календарот следното коло ФК Раклиш го игра на домашен терен со екипата на ФК Работник од Лозово.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




Related Articles

Временска прогноза