Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето денес поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен локален дожд, со слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.
Радовишко ќе биде опфатено со сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
До вторник ќе бидат во постепено покачување утринските температури, а ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури. До недела ќе преовладува претежно стабилно време. Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе е нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови