„ВИКЕНД БЕЗ ДДВ“-исплатата треба да започне од денес

Исплатите на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“ треба да започнат од денес.

Оваа мерка беше спроведена на 10, 11 и 12 октомври, кога беше реализиран вкупен промет од околу 9 милиони евра, или поточно 558.176.715 денари, од кои, како што соопштија од Управата за јавни приходи, повратот изнесува 66.853.929 денари, односно нешто над милион евра.

Владините проекции при најавата на оваа мерка беа дека ќе се потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ ќе биде во вкупна висина од 17 милиони евра.

Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

Во пакет со овие исплати треба да пристигне исплатата и за повратот од ДДВ за третиот квартал.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 



 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза