Црвен крст –Општинска организација Радовиш продолжува со дистрибуцијата на сетови сликовници.
Истите се обезбедени од Црвен крст на Македонија преку проект со Светска банка и во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Децата добиваат сет сликовници на својот мајчин јазик, имајќи предвид дека истите се публикувани на македонски, албански, ромски и турски јазик.
До крајот на неделата ке бидат поделени вкупно 321 сета во Општините Радовиш и Конче.
ОО Црвен Крст Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови