ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ ОКОЛУ УРЕДУВАЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА РЕКА СУШИЦА (фото)

Интензивно продолжува да се работи на изградба на речното корито на река Сушица, проект „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“

Коритото на реката ,,Сушица’’ во Радовиш треба да биде регулирано и уредено, за да во иднина се спречи излевањето на истата при обилни врнежи од дожд. Ќе се регулира критичниот дел на реката кој во изминатиот период честопати предизвикуваше поплави и огромни штети на инфраструктурата и правните лица во овој дел на градот. 

Со овој проект се планира реконструкција на најкритичниот дел од реката ,,Сушица’’, која прави проблеми при надоаѓање на водите при обилни врнежи на дожд.  Овде ќе се исчисти речното корито, ќе се прават каскади, ќе се уредуваат ѕидовите и дното на коритото, ќе се уредува кеј покрај реката кој ќе биде озеленет’’.

 

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 


 



 

 

 

Related Articles

Временска прогноза