ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМ КОНЗУЛОВ СО НОВОГОДИШНА ПОРАКА И ЧЕСТИТКА ДО ГРАЃАНИТЕ

Почитувани граѓани,
Годината што изминува несомнено ќе ја паметиме по глобалната пандемија која одзеде многу животи и повлече економска и социјална криза.
Драстичните ограничувања и промени со кои сме соочени го преобликуваа начинот на кој живееме но отворија и шанса да покажеме дека заедно можеме да ги надминеме предизвиците кои ги носат тешките времиња.
Земајќи ги предвид сите околности и бројни ограничувања можам да кажам дека 2020-та беше успешна работна година за Локалната самоуправа.
Направивме голем исчекор во управувањето со водните ресурси, во обновата и развојот на патната и улична инфраструктура и во имплементацијата на проекти за енергетска ефикасност.
Тоа ни дава за право, по првпат да зборуваме за развојни проекти кои треба да обезбедат просперитет и сигурност за следните генерации.
Почитувани,
Оваа 2020-та година покажа дека општествената солидарност и јавното здравје се темел на секоја заедница. Да извлечеме поука за иднината и да го задржиме фокусот на овие вредности.
Кога сме кај јавното здравје, посебно би сакал да им се заблагодарам на сите здравствени работници кои останаа на првата борбена линија против коронавирусот. Понатаму на сите општински и државни служби, како и приватни и физички лица кои дадоа свој придонес во справувањето со кризата.
Имаме одговорност преку нашите постапки да го вреднуваме нивниот труд. Затоа Ве повикувам празничниот период да го поминеме во кругот на најблиските.
Да празнуваме одговорно.
За крај би сакал да ви ја честитам новата 2021-ва година.
Од името на Општината да Ви посакам добро здравје и празнична топлина во Вашите домови.
Да имаме успешна година, почитување и благосостојба за сите грѓани.
Нека ни е среќна и бериќетна новата 2021-ва година.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза