ДЕНЕШЕН ДЕН 17 ДЕКЕМВРИ …

 

1531.Папата Клемент VII нареди во португалската престолнина Лисабон да отпочне инквизицијата.

1538.- Папата Павле III го исклучи од римокатоличката црква англискиот крал Хенри VIII кој претходно себеси се прогласи за поглавар на Англиканската црква.

1778.- Роден е англискиот хемичар Хамфри Дејви, претседател на Кралското друштво во Лондон, кој со помош на електролиза прво го добил натриумот, а потоа калиумот и калциумот во елементарна форма. Докажал дека хлорот е хемиски елемент, како и тоа дека некои киселини не содржат кислород. Ја пронашол рударската лампа и го открил електричниот лак.

1788.- Под команда на маршалот Григориј Потемкин, Русите ги победиле Турците и го зазеле црноморскиот град Очаков.

1830.- Во Санта Марта, во Колумбија, умре Симон Боливар, јужноамерикански војсководец и државник, водач на револуцијата, кој независност од Шпанија прво и донесе на денешна Венецуела,  а потоа и на Колумбија, Еквадор, Панама, Перу и на Боливија. Стана симбол на борбата за независност на Латинска Америка. Роден бил во Каракас, Венецуела, на 24 јули 1783 година.

1881.- Умре Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. Неговите студии за животот на американските Индијанци му послужија на Енгелс како основа за книгата „Потеклото на фамилијата, приватната сопственост и државата“. Роден бил на 21 ноември 1818 година.

1903. – Во Северна Каролина, во САД, Орвил Рајт (1871 – 1948), со леталото “Флаер – 1”, изврши прв лет на растојание од 36,5 метри, со брзина од 48 км. на час и на височина од 2,5 до 3,5 метри за 12 секунди.

1907.- Во Белфаст умре Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работел на воведување на апсолутен систем на единици и мерења, учествувал во полагањето на трансатлантскиот телефонски кабел и изработил температурна скала. Роден е на 26 јуни 1824 година.

1919.- Во Кан умре Пјер Огист Реноар, француски сликар, еден од најголемите сликари на своето време. Најпознати негови слики се “Капачки”, “Мулен” и “Лука”. Со своите слики првпат се појавил на изложбата на импресионистите во Париз, во 1874 година. Роден е на 25 февруари 1841 година.

1952.- Во Штип е роден Блаже Китанов, македонски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирал и докторирал. Професор на Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип. Бил главен и одговорен уредник на списанието „Дело-74“ од Штип. Член е на ДПМ од 1998 година. Автор е на книгите: „Од пејзажот кон човекот“, „Во подножјето на огнот“, „Импресии и погледи ,„Ацо Шопов – живот и дело“ (монографија).

1962.- Во Скопје умре Крсто Гермов – Шаќир војвода, македонски револуционер, прилепско-мариовски војвода, учесник во Илинденското востание и во Балканските војни. По ослободувањето на Македонија стана народен пратеник и како најстар пратеник, на 1 септември 1946 година, во Скопје го отвори Првото заседание на македонското народно собрание. Роден бил во Прилеп, во 1876 година.

1985.- Воената влада на Уганда и нејзините герилски ривали договорно ја поделија власта и ја окончаа петгодишната граѓанска војна.

1987.- На островот Маун Дезерт, во американската држава Мејн, умре Маргарет Јурсенар, француска писателка, романсиер, есеист, драматург, прва жена примена во француската академија (1980). Првиот роман “Алексис или залудната борба” го објави во 1929 година. Својот најпознат роман “Хидријановите мемоари” го објави во 1951 година. Последните четириесет години од животот живееше во САД. На француски преведуваше американски класици, грчка поезија и јапонска литература. Родена е во Брисел како Маргарет де Креанкур, во 1903 година.

1987.- Во Скопје умре примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски, прв примариус и прв специјалист по општа медицина во Македонија. Учествувал во НОВ, бил член на АСНОМ, секретар на Владата на НР Македонија и помошник министер за народно здравје.

1989.- На првите директни претседателски избори во Бразил после 29 години победи Фернандо Колор де Мело.

1991.- Турција ги призна сите советски републики, кои прогласија независност.

1993.- Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.

1993.- Во Лас Вегас, во Невада, САД, Фудбалскиот сојуз на Македонија е примен за придружен член на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

1996.- Генералното собрание на Обединетите нации за нов генерален секретар на светската организација, со петгодишен мандат, го избра дипломатот од Гана – Кофи Анан, кој стапи на должноста на 1 јануари 1997 година, заменувајќи го египетскиот дипломат Бутрос Гали, чиј реизбор го спречија САД.

1997.- Табо Мбеки го наследи Нелсон Мандела на функцијата претседател на јужноафриканската владејачка партија Африкански национален конгрес.

1998.- САД ја поддржаа Велика Британија во започнатиот четиридневен воздушен напад врз Ирак, чии мети, како што беше официјално соопштено, беа нуклеарните, хемиските и биолошките ирачки воени потенцијали.

2005.- Европскиот совет и додели на Република Македонија статус кандидат за членство во Европската унија.

2011.- Умре Цесарија Евора, легендарната пејачка од Зеленортските Острови. Цесарија Евора уште како девојче почнала да пее „содад“, зеленортска музика инспирирана од блузот, но светска слава стекна дури во 1992 година по три децении настапи низ баровите во Миндел. Нејзиниот трет албум „Мисс Перфумадо“ кој е објавен таа година, бил светски хит и е продаден во повеќе од 300.000 примероци.

2011.- Умре Ким Џонг-ил, севернокорејски диктаторски лидер.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза