ДЕНЕШЕН ДЕН 26 ДЕКЕМВРИ …

1620.- Стотина населеници, исклучени од верски нетолерантната Англија, пристигнаа со бродот „Мејфлауер“ во Америка и ја основаа населбата Плимут. Тоа беше почеток на поинтензивното населување на северноамериканскиот континент.

1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни, еден од најголемите европски портретисти на 18. век. Сликал историски композиции.

1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и математичар Чарлс Бебиџ, „татко“ на модерниот компјутер.

1805.– По победата кај Аустерлиц, Наполеон и ги одзел на Австрија – Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создал Рајнската конфедерација, држава-сателит на Франција. Одредбите од овој мир се поништени на Виенскиот конгрес во 1814 година.

1825.- Во Санкт Петербург на денот на полагањето заклетва на новиот цар Николај Први некои од полковите се побуниле и побарале донесување устав, но буната позната како Декабристичко востание била веднаш задушена.

1827.- Турскиот султан Махмуд II го отфрлил правото на сојузниците да посредуваат во војната меѓу Турција и Грција.

1890.- Умре германскиот археолог Хајнрих Шлиман, кој во 1868 година ја откри Троја, користејќи се со податоците од Хомеровите дела „Илијада“ и „Одисеја“. Ги открил и Микена, Орхомен и Итака, потрошувајќи го своето севкупно милионско богатство на археолошките ископувања.

1891.- Роден е американскиот писател Хенри Милер. Покрај со пишување, се бавеше и со сликарство. Дела: „Црна пролет“, „Недела после војната“, „Книги за мојот живот“.

1893.- Во селото Шаошан, во провинцијата Хунан, е роден Мао Це Тунг, кинески револуционер, еден од основачите и долгогодишен водач на Комунистичката партија на Кина. Со прогласувањето на Народна Република Кина во 1949 година, тој е избран за претседател на нејзината влада. Умрел на 9 септември 1976 година.

1908.- Американецот Џек Џонсон, од африканско потекло, со победа врз Канаѓанецот Томи Барнс стана првиот светски првак црнец во бокс.

1939.- Во земјотресот во Анадолија, во Турција, загинаа околу 32.000 луѓе.

1942. – Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестмината македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.

1945.- Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.

1971.- Изразувајќи ја огорченоста кон американската авантура во Виетнам, 16 американски ветерани од војната во Виетнам ја окупираа Статуата на слободата во њујоршкото пристаниште.

1972.- Умре Хари Труман, триесет и третиот претседател на САД, кој за време на своите два мандата (1945 до 1953 година) беше главен креатор на американската повоена политика. Во историјата ќе се забележи како човек кој го одобри атомското бомбардирање на јапонските градови Хирошима и Нагасаки.

1975.- Со летот на линијата Москва – Алма Ата, авионот „Tu 144“ стана првиот суперсоничен авион во светот, воведен во редовен сообраќај.

1983.- Умре шпанскиот сликар, вајар и керамичар Хуан Миро. Бунејќи се против класичното обликување на светот и животот, ја изговори прочуената реченица: „Треба да се убие сликарството“. Студирал во Барселона, а од 1919 година живеел во Париз.

1989.- Ден по стрелањето на Николај и Елена Чаушеску, Романскиот фронт на националниот спас ја избра новата влада на чело со Јон Илиеску.

1991.- Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на претседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој “атомското копче”, му го предаде на Борис Елцин.

1996.- Во селото Малкоец, Кичевско, умре Сајко Митревски, најстариот (дотогаш) Македонец (110 години). Роден бил во селото Малкоец, на 16 февруари 1886 година.

2001.- Врховниот совет на Руската Федерација и Белорусија во Москва донесоа одлука од 2005 година руската рубља да биде заедничка валута и на двете земји.

2003.- Во земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала кој го погоди југоисточен Иран загинаа 26.271 лице, повеќе илјади беа повредени, а како исчезнати се водат 525 лица. Епицентарот на земјотресот беше во близина на туристичкото место Бама, во кое беа урнати околу 70 отсто од зградите.

2004.- Повеќе од 227.000 лица загинаа во цунами-брановите кои ја опустошија јужна и југоисточна Азија. Брановите цунами беа предизвикани од катастрофалниот земјотрес со интензитет од 9 степени според Рихтеровата скала, што го зафати тој дел на светот.

2005.- Умре американскиот актер Винченте Скјавели, кој сними 98 филма, меѓу кои: „Лет над кукавичкото гнездо“, „Дух“, „Амадеус“, Блејд Ранер“, „Народот против Лари Флинт“.

2006.- Во експлозија на нафтовод во предградието на Лагос загинаа повеќе од 850 луѓе, додека околу 60 беа пренесени во болница со тешки изгореници од различен степен. Нигерија е најголем производител на нафта во Африка, но криминални групи често ги оштетуваат нафтоводите заради ограбување, при што неретко доаѓа до несреќи. При експлозијата изгореа повеќе од 60 куќи кои се наоѓаа во близина, како и 52 возила.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза