ПОСКАПУВА БЕНЗИНОТ, ДИЗЕЛОТ ПОЕФТИНУВА

Половина денар од ноќеска на полноќ поскапуваат безнините додека за толку ќе поевтини дизел-горивото, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 отсто.

Малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,5, а на Еуросупер БС-98 62,5 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат по 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС  и ќе изнесува 28,837 денари.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза