ПРВИ ДЕКЕМВРИ Е СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДА

Први декември е светскиот ден за борба против СИДА. За да се заштитите од оваа болест, најважно е да бидете добро информирани. Ова се неколку основни факти што треба да ги знаете


Епидемијата на ХИВ сè уште е активен проблем на јавното здравје во државава и на луѓето засегнати од овој вирус, а интензивниот фокус на пандемијата на ковид-19 не смее да ги намали напорите за справување со неа, порачува Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ по повод 1 декември, Светски ден на борба против сида.

„Неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ кои го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија. Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапија да се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година.

Потсетуваме дека вкупниот број пациенти на терапија во последниве три години се зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата од крајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година“, додаваат од Здружението и изразуваат почит кон сите здравствени работници и соработници вклучени во одговорот кон ковид-19.


Што е ХИВ/СИДА?

Хумано имунодефициентниот вирус (ХИВ) е пандемична пренослива болест која го предизвикува синдромот на стекнат имунолошки дефицит (СИДА). Кога сидата ќе се развие, имунолошкиот систем на заболениот драстично опаѓа и се појавуваат многу смртоносни инфекции.

Како се пренесува?

ХИВ-от се носи низ посебни телесни течности во човечкото тело и може да се пренесе  кога тие течности се пренесуваат од едно на друго лице .

За да дојде до пренос на вирусот мора тие течности да минат низ крвотокот. Вирусот може да се пренесе преку крв, сперма, мајчино млеко, но не и преку плунка.

Дали има лек?

Се уште нема лек за СИДА-та, но сепак медицината многу има напреднато во послените триесет години.

Постојат третмани за ХИВ и СИДА со кои се намалува количината на ХИВ вирусот во организмот и се зајакнува имунолошкиот систем . Така не може да се убие вирусот , но може да се спречи прогресија кон СИДА.

Како да се заштитиме?

Во главно, најдобар начин за едно лице да се заштити од ХИВ/СИДА е да преземе превентивни мерки. Ова вклучува:

1.Комуникација со вашиот сексуален партнер(и)

Да знаете за статусот на вашиот партнер и статусот на неговите/нејзините претходни партнери во однос со ХИВ/СИДА е важно за екстра претпазливост за вашето здравје.

2. ОДбегнувајте да имате повеќе сексуални партнери

 Најдобро е да се има моногамна врска во која и двајцата партнери знаат дека немаат ХИВ.

3. Користете кондоми

 И покрај бројот на сексуални партнери кои ги имате, користењето на кондоми е ефективен начин да спречите пренесување на ХИВ. Кондомите се и единствено средство за заштита од сексуално преносливи инфекции. Останатите штитат само од несакана бременост.

4.Тестирајте се

 Сознанието дека имате ХИВ/СИДА ќе ви помогне да направите мудри одлуки, како веднаш да започнете со третман.

 5.Никогаш не користете и не делете употребени игли

 Осигурајте се и дека ако правите тетоважа или пирсинг, нема на вас да бидат повторно употребени стари игли.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 

 

 



 

 

 

Related Articles

Временска прогноза