ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА – просториите 500 метри подалеку од училиштата

Се подготвува измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри од Министерство за финансии  предвидуваат просториите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени на половина километар од училиштата и факултетите.

Најавата за законските измени, објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), се вели дека со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и високообразовни институции.

„Начин на уредување дава можност младата популација да има лесен пристап до игрите на среќа. Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во обложувaлница и автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб и обложувалница имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории односно уплатно исплатни места. Ваквиот начин на отворање на деловните простории за приредување на игри на среќа на автомати, има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот на Република Северна Македонија заради помалку остварените приходи по овој основ“, укажуваат од Министерството за финансии.

Додаваат дека со цел заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст, се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени 500 метри од основни и средни училишта и високообразовни институции.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 




 



 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза