РЕГИСТРАЦИЈАТА ПО ПОЛОВИНА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА СО СТРАНСКИ ТАБЛИЧКИ

Регистрација на возилата со странски таблички со половина од редовните такси е почнато од пред два дена кога влезе во сила Законот со кој ова се реализира.

Сопствениците на вакви возила царинските и другите процедури до регистрација во земјата имаат време да ги завршат до крајот на годинава.

На овој начин се има можност да добијат македонска табличка граѓаните кои имаат возило со најмалку ЕУРО4 стандард, кое е увезено најдоцна до почетокот на октомври лани. Исто така, се бара овие возила да имаат уредна регистрација и зелен картон од земјата од каде се донесени.

Табличка македниска можат да добијат граѓаните кои имаат возило со најмалку ЕУРО4 стандард, кое е увезено најдоцна до почетокот на октомври лани. Еден од условите е сопственикот на возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон.

Обврските и износот за возилата кои ќе се увезат и регистрираат согласно овој закон се намалува за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

 

Преку Законот за регистрација на возилата со странски таблички се уредуваат постапката и условите за регистрација на моторни возила за превоз на патници, товарните возила, возила на две и три тркала и квадрацикли  ккао и приколките и полуприколките.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза