СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – вториот ден од Божик

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Неа, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест.

Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.


Собор на Пресвета Богородица

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Во таа смисла се и црковните песни коишто се исполнуват при црковните свечености. Но во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божик и празнувањето е во тој дух. Пресвета Богородица е опеана и во голем број народни песни.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза