40 ТАБЛЕТИ ДОНАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ООУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“

Уште 40 таблети за учениците од ООУ „Крсте П. Мисирков“

Секое дете има право на образование, секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче. Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието!

Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење. Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели – информираат од ООУ „Крсте П. Мисирков“.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 




 



 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза