Бугарските државјани од денеска до 30 април, кои влегуваат во земјата и лицата со статус на постојан или долготраен престој на територијата на Бугарија, доколку немаат негативен резултат на ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.
Одлуката се однесува и на членовите на нивните семејства. Карантинот би можел да биде укинат во случај на негативен резултат на ПЦР-тестот кој ќе биде извршен 24 часа по пристигнувањето во земјата, соопшти бугарското Министерство за здравство, пренесе БГНЕС. Директорите на регионалните здравствени инспекции можат да го укинат карантинот на соодветни групи лица кои пристигнале во Бугарија во периодот од 29 јануари до 1 февруари. Услов е граѓаните да приложат документ кој покажува негативен резултат на ПЦР-тестот спроведен во рок од 24 часа од стапувањето во сила на оваа наредба. Во тие случаи карантинот се укинува во рок од 24 часа по поднесувањето на документот.
Директорите на регионалните здравствени инспекции можат да го укинат карантинот на соодветни групи лица кои пристигнале во Бугарија во периодот од 29 јануари до 1 февруари.
Услов е граѓаните да приложат документ кој покажува негативен резултат на ПЦР-тестот спроведен во рок од 24 часа од стапувањето во сила на оваа наредба. Во тие случаи карантинот се укинува во рок од 24 часа по поднесувањето на документот.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови