КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И СОЈУЗИ ОД РАДОВИШ ЗА 2021 ГОД.

Општина Радовиш распиша Конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2021 год. во конкурсот се вели:

  1. Се распишува јавен конкурс за распределба на средства на спортските клубови, здруженија и сојузи од Буџетот на општина Радовиш за 2021 година ;
  2. Потребни документи за поднесување се :

– Програма за работа со финансиски план за 2021 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш

во текот на 2020 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);

Забелешка: Спортските клубови и здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра дополнително да достават копија од завршна сметка (до крај на м. Март 2021 г.)

– Решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или Потврда од федерација (копија);

– Копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М.;

– Потврда за отворена и активна жиро сметка.

 

 

  • Период за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, заклучно со 17.02.2021 год.

 

Повеќе за конкурсот на следниот линк: Конкурс

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза