150 ИЛЈАДИ ЈАГНИЊА СТОЧАРИТЕ ЌЕ ПОНУДАТ НА ПРОДАЖБА – дали Македонското јагне годинава ќе се сооч со најниска откупна цена

150 илјади јагниња од февруари до април сточарите ќе понудат за продажба.

Годинава се претпоставува дека македонското јагне ќе се соочи со најниска цена и покрај докажаниот висок квалитет и покрај недостигот на европскиот пазар каде традиционално извезуваме, реагираат одгледувачите на овци.

Сточарите не се согласуваат со откупувачите дека цената на домашното јагне ја диктира купувачот од надвор. Откупната цена за килограм во моментот за јагне жива мера е 140 – 150 денари, но овчарите велат дека треба да изнесува 160 –170 денари. Од февруари до април сточарите ќе понудат 150 илјади јагниња.

 Никола Ѓеоргиев, претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци лани, вели дека цената во овој период беше иста како сега, околу 150 денари за килограм, но во периодот на зголемена понуда, падна на 110 – 120 денари. И сега се очекува пак да падне кога ќе порасне понудата. Шпицот на понудата е од 20 март.

„Јагнешкото на светските пазари од 2015 година претрпе голема дигресија, појава која предизвика ураган во овчарскиот сектор кај нас, континуиран пад на бројот на овци, демотивација и деморализација кај одгледувачите. Минатата 2020 година, светскиот пазар на јагнешко месо се стабилизира и прв пат во однос на претходните пет години се постигна највисока просечна продажна цена. Прв пат се појави недостиг на јагнешко месо на европскиот пазар, кој е наша целна група. Но, во нашава земја, под изговор на корона кризата, повторно имаше намалување на просечната откупна цена на јагнињата.

Истото ни се случува и оваа година, иако јазот меѓу побарувачката и понудата се зголемува, односно на европскиот пазар има помала понуда дури од минатогодишната, вели за „Зелена берза“ претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци, Никола Ѓеоргиев додавајќи дека откупувачите, и покрај милионскиот капитал остварен од извозот на јагне од наше производство, бараат безцарински увоз на живо јагне од ЕУ со цел реекспорт за уште поголем личен профит. Но доколку се дозволи тоа овчарите немаат никаква сигурност дека јагнињата ќе им  бидат откупени и дека вистина ќе порасне откупната цена“.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

Related Articles

Временска прогноза