СНЕЖНАТА ПОКРИВКА СЕ ЗГОЛЕМУВА, СЕ ПРЕПОРАЧУВА ПРЕТПАЗЛИВО И ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ

Облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови, особено во југозападните делови.

До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и понекаде во југозападните делови таа ќе изнесува над 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието.

Минималната температура ке се спушти до -13 , а максималната до 1 степен .

Во Радовиш температурата ќе се движи -3 до -9, утре се очекува пониски температури до – 10 степени. Коловозите се проодни и работи механизацијата во текот на целиот ден, но се препорачува внимателно возење со автомобилите и претпазливо движење на пешаците поради појава на голомразица.

Утре времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, пообилни претпладне во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ке се спушти до -12 , а максималната до 1 степен .


– Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струмица-Валандово е укината од 13.45 часот, соопштуваат од Македонија пат.

Забраната беше воведена поради голомразица. Поради врнежи од снег и ниски температури забрана за сообраќај на тешки товарни возила има и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза