Во координирана акција помеѓу полициски службеници од Полициска станица Радовиш и вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“
подружница ШС Плачковица – Радовиш на две локации, една на место викано „Еланица“ на планина Плачковица и на место викано „Градска река“ радовишко, биле затекнати пет запрежни возила управувани од С.Ф. (40), Б.А. (30), Б.Б. (52), М.Ф. (40) и С.Б. (30) сите од Радовиш.
Лицата превезувале бесправно исечени огревни дрва.
Според надлежностите, запрежните возила со дрвата се одземени и пренесени во кругот на ЈП „Национални шуми“ подружница Плачковица – Радовиш, а по документирање на настанот против 5-те дрвокрадци ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ова е една од низата успешни акции на радовишката полиција во сузбивање на дрвокрадството. Пред само 4 месеци беше спроведена слична акција кога беа лишени од слобода 3 лица од Радовиш поради кражба на дрва и одземени 4 автомобили.
Шумочуварската служба на ЈП Национални шуми е редовно на терен и во соработка со останатите надлежни институции ја продолжува засилената контрола против бесправните дејствија во шума за спречување на криминалот со неконтролираната сеча и нелегалната продажба на огревно дрво.
ЈП Национални шуми
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови