17 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Денеска се навршуваат 17 години од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље, близу Мостар.

Во Скопје денеска, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.

Во авионската несреќа, што се случи на денешен ден во 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

За несреќата, досега беа извршени две истраги и беа објавени два извештаи. И во двата извештаи, кои се разликуваат, како причина се наведуваат пилотски грешки и други системски пропусти.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза