ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВИКЕНДИЦИ НА ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА

Почитувани,
При подигање на контејнерите кои се поставени на повеќе локации на планината Плачковица забележано е фрлање на кабаст отпад од Ваша страна (телевизор, душеци, стари дрвени кревети и слично).

Возилото што ги подига контејнерите нема можности за собирање на таков вид на отпад и може да се оштети.

Ве замолуваме во иднина да не фрлате кабаст отпад покрај контејнерите на планината Плачковица бидејќи нема да биде подигнат таков отпад, а ќе остава лоша слика за околината. Доколку сепак сакате да фрлате таков отпад симнете го и ставете го до првиот контејнер во градот и ќе го собереме со трактор.
Во населбата “Еренџе” каде има и повеќе викендици, поради зголемена количина на смет поставивме уште еден контејнер.

Ги замолуваме сите кои имаат викендици во “Еренџе” сметот да го фрлаат во контејнерот, а стаклените и пластичните шишиња и чаши може да се соберат во ќесе или вреќа и да се стават до контејнерот. Со фрлање во контејнерот на таков отпад само се зафаќа место и органскиот отпад останува околу контејнерот и се растура од кучиња или ветер.

Благодариме за разбирањето!

 

 

 

ЈП Плаваја


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза