Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар истекува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.
Одлуката беше донесена на пристигнати барања до Регистарот и Владата за пролонгирање на рокот.
Централниот регистар излезе во пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел запазување на законските рокови.
Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со 11 март над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови