КОНЧЕ: ГАБРЕВЦИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ РЕКОНСТРУИРАН ЛОКАЛЕН ПАТ

Во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска Банка е објавен тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Конче“.

Станува збор за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патотот од двете страни на на пропустот со што ќе го решиме долгогодишниот проблем на ова место. Средствата за овој проект се обезбедени од „Проект за поврзување на локални патишта“ на Владата, Министерството за транспорт и врски и Светска Банка.

Проектната вредност на поектот е околу 2.2 милиони денари – информираше Градоначалникот на Конче – Благој Илиев.

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

Related Articles

Временска прогноза