ПРЕДИЗВИК ЗА РАДОВИШКИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СЛЕДУВА ВИКЕНДОТ И НАСТАПИТЕ…

Следува бурен спортски викенд за радовишките спортски клубови.

Покрај паузата поради настап на фудбалската репрезентација на Македонија, во Радовиш ќе се игра заостанатото коло од Втората фудбалска лига помеѓу ФК Плачковица и ФК Кит Го од Пехчево кој беше одложен и требаше да се одигра минатата недела, но поради обилните врнежи на Градскиот стадион не се одигра.

ФК Плачковица е пред голем предизвик во овој натпревар бидејки е на границата која носи понизок ранг и испаѓање од Втората лига. Со новиот тренер нашите фудбалери ќе се обидат да останат бодовите во Радовиш и се вратат во форма избегнувајќи го најлошото сценарио кое може да се случи на нашата ФК Плачковица.


РК Радовиш после 3/3 порази исто така е во неизвесна ситуација, со новиот тренер кој ќе дебитира за РК Радовиш, Андон Бошковиски ќе се обиде да се врати и победува во наредните кола и избори опстанок оваа сезона.

РК Радовиш има порази во Плеј Аут разигрувањето за опстанок во Супер лигата и тоа порази од РК Работнички во Скопје, РК Младост во Радовиш на домашен терен и во Прилеп од РК Прилеп.

Во сабота стратегот Бошковски ќе мора да го совлада лидерот на табелата РК Тиквеш од Кавадарци со цел останување во борбата за опстанокот во лигата.


ФК Детонит исто така ќе го одигра одложениот натпревар кој требаше да се одигра во саботата во Берово со ФК Малеш.

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза