ЗАПОЧНУВА ОБУКА ЗА НЕГУВАТЕЛИ НА СТАРИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Во просториите на ООЦК Радовиш беше реализирано интервју со пријавени кандидати од Општините Радовиш и Конче за втор циклус обуки за негуватели на стари лица и лица со попреченост, финансирани од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст.
Со вториот циклус обуки ќе бидат избрани вкупно 15 кандидати по пет од општините Радовиш, Валандово и Гевгелија кои ќе посетуваат обука за негуватели на стари лица и лица со попреченост.
Обуките ќе се одржуваат во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза