ВЛАДАТА ДЕНЕС ЌЕ РАЗГЛЕДУВА ЗА НОВИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

Владата денеска во 13:00 часот преку видеоврска ќе ја одржи 63-тата редовна седница на која членовите на Владата ќе разговараат за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.

 

Се претпоставува дека  е можно од утре па во наредните 14 дена да бидат затворени угостителските објекти. Исто така, можно е за два час порано да се помести и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22.00 часот, тој би почнувал од 20.00 часот и би траел до 5.00 часот изутрина.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата јавноста ќе биде информирана на прес-конференција со почеток во 14:00 часот.

Oстанува да видеме кои одлуки ќе бидат донесени.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза