Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени Целзиусови.
Радовиш ќе има сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 22 степени Целзиусови.
Деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 литри на квадратен метар, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови