Комисијата за заразни болести на 15 мај ќе одлучува дали ќе одговори позитивно на барањето на угостителите да се организираат свадбени веселби со посебни протоколи.
Ова е за првпат, на средбата со вицепремиерот Фатмир Битиќи, да ни биде кажано дека ќе се разгледува прашањето да се отворат рестораните за организирање свадби. Досега такво нешто воопшто не ни беше ни најавувано, ова е првпат тоа да се случи. Но, сепак, конечниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, зависно од епидемиолошката состојба, вели Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора при ССК.
Тој очекува, доколку Комисијата за заразни болести даде позитивно мислење на 15 мај, да се дозволи вакво работење на објектите веќе од почетокот на јуни. Дотогаш би се одредувале протоколи кои би важеле за нивното функционирање, кои исто така треба да добијат согласност од Комисијата.
Ќе бараме да се дозволи на маса да седат повеќе луѓе, нема логика да бидат четворица, иако тоа е во ред за обичните ресторани. Но, нашите свадбарски маси се големи, од 1,8 до 2 метра, и сосема логично и безбедно е на нив да седат најмалку по шест лица, вели Ангеловски.
*Фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови