РК Радовиш продолжува со серијата од победи, вчера во СРЦ 25 мај во Радовиш беше совладана екипата на РК Јуниор од Кисела Вода Скопје со резултат 30-23, полувреме 19-12.
Нашите ракометари продолжуваа со одличната игра како да се борат и играт за шампионската титула, повратената екипа со тренерот има серија од победи и само нерешен резултат сво Кавадарци со екипата на Тиквеш.
Остануваат уште два натпревари, веќе во недела во Скопје ќе се одигра најважниот натпреавар оваа сезона со екипата на КЛ 7, овој натпревар е толку важен за двете екипи во борбата за опстанок и освојување на едно од двете позииции во Плеј аут разигрувањето и третата позиција која преку неа ќе се одигра бараж натпревар со второпласираната екипа од Првата лига на Македонија.
Да се надеваме дека нашиот клуб во недела ќе продолжи со успешната игра и освои нови три бода во Скопје.
РК РАДОВИШ – РК ЈУНИОР К.В 30-23 (19-12)
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови