За организирање јавна презентација на УП вон опфат на Урбанистички План за формирање на градежни парцели со класа на намена Е1 – инфраструктура (фотоволтаични електрани) на дел од КП-1016/1, дел од КП 1016/6, дел од КП-1016/7, дел од КП-1016/8 и дел од КП-1016/9, КО Воиславци, дел од КП-1/6 и дел од КП-1/5, КО Сулдурци, Општина Радовиш,
Јавната анкета и јавната презентација, ќе се спроведе со излагање на УП вон опфат на Урбанистички План за формирање на градежни парцели со класа на намена Е1 – инфраструктура (фотоволтаични електрани) на дел од КП-1016/1, дел од КП 1016/6, дел од КП-1016/7, дел од КП-1016/8 и дел од КП-1016/9, КО Воиславци, дел од КП-1/6 и дел од КП-1/5, КО Сулдурци, Општина Радовиш, во просториите на ЕЛС општина Радовиш.
Површина на плански Опфат е Р = 11.401539,29 ha.
Јавната анкета ќе трае петнаесет (15) работни дена од 10.05.2021г. до 25.05.2021 г., секој работен ден од 11,00 до 15,00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови