РАСПИШУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ДО КРАЈОТ НА ЈУЛИ ИЛИ ПОЧЕТОКОТ НА АВГУСТ

Талат Џафери, Претседателот на собранието на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Тоа, како што истакна, ќе зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците.

Исто така рече дека нема да остави простор некој да искористи некој формален аспект на „пропуст” што потоа би бил подлога за суштински аспект со што би го довел во прашање целиот изборен процес. Тој предупреди дека доколку изборите би се одржале на 17 октомври, тогаш изборната кампања би можела да се поклопи неколку дена со пописот на населението, што завршува на 30 септември – изјави за време на средбата со новинарите Џафери.

 

*фото Архива


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза