Изминатиов викенд Фолклорниот ансамбл „Злевски бисери„ учествуваше на меѓународниот фолклорен фестивал ,,Игра коло крај Тимока,, во градот Сврљиг – Србија.
Поради пандемијата единствен претставник надвор од Србија беше Фолклорниот ансамбл од нашата општина Ф.А .,,Злевски бисери ,,од Злеово,кој само за десетина дена успеа да се собере после пандемијата и достојно да ја презентира нашата македонска култура и традиција.
Мора да се напомене несебичната помош на родителите на децата кои се членови на Ф.А ,,Злевски бисери,, од Злеово и помагателите кој ја препознаваат работата на ансамблот и секогаш во рамките на своите надлежности им излегува во пресрет на нашиот ансамбл, а веруваме и на другите ансамбли и здруженија од нашата општина – истакнаа од ФА Злевски бисери.
На фестивалот достојно беше претставена нашата општина и држава од што произлегоа покани за учества на други фестивали и манифестации..
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови