Пратениците го донесоа Законот за работни односи со што во пензија ќе може да се оди со 64-годишна возраст и 15 години стаж.
Ова решение остава можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Продолжување на работниот однос до 67 години под строго дефинирани критериуми и постапка, ќе има само за дефицитарните кадри во здравството и во високото образование – вели Шахпаска, додавајќи дека на овој начин се отвора можност за вработување на младите, но за намалување на бројот на вработени во администрацијата.
Како што соопшти министерката, Законот во сила ќе влезе за една година отсега, односно на 30 јуни 2022 година.
На овој начин за граѓаните кои веќе го стекнале правото да го продолжат својот работен век, обезбедуваме можност да го остварат веќе стекнатото право – вели Шахпаска.
Фото Архива (Пензионерски средби)
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови