Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против три полнолетни лица од Радовиш и едно известување за две малолетни лица од Штип, кои престојувале во Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месеците мај, јуни и јули 2021 година извршиле девет кривични дела на подрачјата на Радовиш.
Петте лица се сомничат дека сториле шест кривични дела „тешка кражба “ и 3 кривични дела „тешка кражба во обид“ во објекти сопственост на физички и правни лица, лоцирани во Радовиш и на планина Плачковица.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.
Со сторените дела осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 301.550 денари.
СВР Струмица
*Фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови