ПРЕПОРАКИ ЗА ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Почитувани,
влегуваме во период на високи температури кои ќе се одвиваат на целата територија на Републиката,според долгорочната временска прогноза за подрачјето на општина Радовиш се очекуваат високи дневни температури и слаби изгледи за врнежи од дожд.
Вегетацијата која е во фаза на сушење преставува потенцијална опасност од појава на пожари на отворени површини но и во урбаните средини.
Затоа е неопходно да ги превземеме сите неопходни мерки за заштитата на животната средина, намалување на материјалните и други штети го препорачуваме следното:
-без потреба да не се пали оган на отворен простор, посебно во ридско-планинските подрачја;
-во случај на палење на оган да се преземат сите мерки за контрола над огнот и негово гасење;
-внимателно да се ракува и употребуваат запаливи и лесно запаливи средства;
Општина Радовиш

About the author /


Related Articles

Временска прогноза