Промовирана петтата по ред книга на професорката Павлина Кошевец, “Радовишки маабети”
Вчера во организација на Центарот за култура “Ацо Караманов” кој воедно се јавува и како издавач на книгата, беше промоворина книгата за радовишкиот говор и за Радовиш во почетокот на 50 години на минатиот век.
На почетокот пред публиката се претставија млади актрери аматери со првата напишана пиеса”Кај кондурџијата Костаќе”, под менторство на Томе Постолов, Промотивната реч за книгата ја имаше Гордана Здравкоска кој меѓу другото е рецензент на книгата.
Таа истакна дека книгата покрај тоа што е значајна за лингвистиката и дикалектологијата, книгата има огромно значење затоа што преку неа се чува од заборав радовишниот автентичен говор.А истовремено книгата добива и друга димензија- хроника на едно време- чувар на радовишката традиција, а Павлина Кошевец прку оваа книга хроничар на нашиот град.
Пред присутните се обрати и писателката, таа се заблагодари на сите и истакна дека посебен презизвик во создавањето на книгата и’ бил речникот на кој работела и за кој се консултирала и со постари радовишани, затоа што ни малку не е едноставно фонетски да се долови говорот на радовишани. Вечерта заврши со музичко интермецо од страна на Распеани радовишани.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови