СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ СО ТОМЕ ДАНЕВСКИ, ОСВОЈУВАЧ НА ТРИ ВИСОКИ НАГРАДИ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО ФИТНЕС И БОДИБИЛДИНГ ВО КОПЕР, СЛОВЕНИЈА.

Градоначалникот Герасим Конзулов денес го прими Томе Даневски, македонскиот претставник на Светскиот шампионат во фитнес и бодибилдинг кој се одржа на 26.06.2021 во Копер, Република Словенија.
Нашиот сограѓанин постигна високи резултати во три категории, две четврти места места во категориите “Mr Fit
ness” и “Mr. Athletic” и петто место во категоријата Masters.
Со поддршка на градоначалникот Конзулов и одлука на општинскиот совет, Општина Радовиш беше генерален покровител на нашиот претставник.
Томе Даневски искажа благодарност до Градоначалникот и Советот за укажаната доверба притоа нагласувајки дека му е гордост што ја претставувал Македонија и Радовиш на големо меѓународно натпреварување.
Градоначалникот Конзулов му честиташе за успехот на светска сцена потенцирајќи дека спортските успеси се најдобар пример за афирмација на нашата држава и нашиот град.
“Се надевам дека маладите спортисти ќе го следат примерот на Томе дека со напорна работа и посветенсот е возможно да се постигнат резултати. Општината ќе продолжи да вложува во развојот на општинскиот спорт и младите таленти” – истакна градоначалникот Конзулов.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза