УПИСИ НА УГД – 4.100 НОВИ СТУДЕНТИ НА ОВОЈ УНИВЕРЗИТЕТ

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ги отвара вратите за првиот уписен рок за идните студенти. На 12 факултети и 3 академии има слободни места за 4 100 бруцоши. Заради поголема атрактивност, а во согласност со барањата на стопанството, УГД изврши ре-акредитација на студиските програми.

-Се следеа сите модерни текови во Европа и Светот, по светските програми на различни светски универзитети. Сето тоа е ре-акредитирано во нови студиски програми. Обемот е намален, па така во моментот имаме околу 70 студиски програми кои што верувам ќе бидат од голем интерес за сите заинтересирани завршени средношколци- изјави Мишко Џидров, проректор на УГД-Штип за ТВ Сител

Обезбедени се 300 стипендии, а ослободени од партиципација се сите студенти кои ќе се запишат на насоката македонски јазик на Филолошкиот факултет и по 10 најдобро рангирани на техничките факултети, Информатика, Образовни науки и Музичка академија.

-На факултетот по медицински науки, 30-те најдобри средношколци, со најдобар просек, ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за прв и втор семестар- додаде Џидров.

Теоретската настава во првиот семестар ќе се одвива он лајн, од причина што процентот на вакцинирани млади лица се уште е многу мал.

-Практичната настава ќе биде комбинирана, односно ќе може да се одвива и он лајн и организирано во нашите лаборатории, но сепак ќе мораме да ги следиме сите оние препораки кои ќе дојдат во наредниот период- изјави Џидров

Поради актуелната влошена здравствена состојба, поголем дел од факултети се одлучија испитите да се полагаат он лајн.

 

Фото УГД


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза