ЛУЃЕТО СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ИЗБИРААТ МОЖНОСТ ДА ИМ ПОМОГНАТ НА ДРУГИТЕ

Животот е магичен круг во кој секој треба да му помогне на другиот. Несебичната помош за другите и вложувањето на самиот себе за да се пружа помош е непроценливо. Лекарите секогаш го прават тоа и треба да го прават, но дали е доволно?

Како чинители на општеството секогаш се прашуваме што тоа прави за нас,но многу ретко си го поставуваме прашањето што ние можеме да направиме за него. Животот нуди многу можности кои треба да се прифатат,многу предизвици кои треба да се совладаат.

На секои четири години се одржуваат непосредни избори за избор на градоначалник и совет. Чест и одговорност е да се совлада еден таков предизвик, пред се голема можост да се направи повеќе. Секој прави нешто но дали е тоа доволно. Изборите се можност преку кој бараме да покажеме дека знаеме и дека ќе успееме да му помогнеме на секого. Дајте ни шанса да го затвориме кругот на довербата.

Живееме во општество кое функционира врз искривени вредности, време во кое полесно е да се откажеш отколку да дадеш. Време е да ги препознаеме вредностите во истото да покажеме дека можеме, и навистина можеме и ќе го сториме тоа. Доаѓа момент на морал и вистина и мислиме дека го имаме.

Дел сме од тим со вредности предводен од Ацо Ристов и јас Моника Ристевска како предводник на советничката листа ве уверувам дека ќе ги вратиме уништените вредности.

Знаеме умееме можеме чесно со морална одговорност да го покажеме она во кое што веруваме.

ЗАЕДНО ЌЕ УСПЕЕМЕ.

 

НАШАТА ВИЗИЈА СЕ ВАШИТЕ ИДЕИ!

РАДОВИШ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза