ПОПИСОТ ЗАВРШУВА ЗА ТРИ ДЕНА – ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОПИШАТ И НА ОДРЕДЕНИ ПУНКТОВИ

1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови вкупно се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

 Пописот 2021 е веќе во 23 ден и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.

 Граѓаните освен во своите домови ќе можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Пописот на населението, домаќинствата и становите во  Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

 

*фото Архива

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза