Претседателката на Општинската изборна комисија Вера Димитриева денеска го врачи мандатот на Ацо Ристов новиот градоначалник на општина Радовиш.
Градоначалникот Ристов им се заблагодари на сите граѓани на општина Радовиш, за поддршката и мирните, фер и демократски избори.
Ацо Ристов во Радовиш стана градоначалник со 2672 гласа разлика пред неговиот против кандидат Коле Чаракчиев од СДСМ, или вкупно освоено 58,70%, додека Чаракчиев има 37,71%.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови