На вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести се донесе одлука за препорака на нови мерки со цел заштита на граѓаните од Ковид 19
- Сите вработени во јавниот сектор и локалната самоуправа, за одење на работа да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или да приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат.
- За ретките имунолошки состојби дополнително ќе се објави соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат.
- Вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.
- Ажурурање на процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги електорнските алатки на европските сертификати преку апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност.
- Мерките денеска предложени треба да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сѐ уште невакцинирани.
Препорака е кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата – информираше Министерот за здравство.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови