Времето утре изутрина ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Утре и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови