Во Струмица се одржа Регионален саем на социјални претпријатија од југоисточниот регион во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. заедно со Канцеларијата на регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија од Скопје, а во рамките на проектот „Поддршка социјални претпријатија“ поддржан од Европската Унија.
Саемот се одржа во фоајето на НУЦК „Антон Панов“, а беа презентирани потенцијалите на дваесетина потенцијални социјални претпријатија и невладини организации кои имаат економска социјална активност.
На овој саем свое излагање имаше и Здружението Круна од Радовиш, кој се претстави со изложени производи од радовишкиот крај.
Овој прв регионален саем за социјално претприемништво во Југоисточниот плански регион, воедно претставува модел на имплементирање на еден поинаков и поактивен пристап на обезбедување поддршка на локални заедници и луѓе од ранливи категории, со цел да бидат поинтегрирани во општеството и да ги развијат своите претприемачки способности за да можат да се ослободат од системот на користење на социјална заштита- истакна Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.
Оваа локална иницијатива произлезе благодарение на поддршката од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ кој што е финансиран од Европската Унија. Навистина сум многу среќен што се финализира и се усвои Стратегијата за социјално претприемништво. Тоа значи дека веќе го имаме првиот правен документ во нашата земја, којшто заедно и со Акцицискиот план за развој на социјалното претприемништво во Македонија ќе се стреми кон усвојување на Законот за Социјално претприемништво, кој што ќе даде дополнителна тежина кон препознавање, видливост и финансиска поддршка на социјалните претпријатија.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови