Клубот на млади на ОО Црвен крст Радовиш го одбележа денот на виното и вљубените.
Волонтери организираа активност за делење на колаче во форма на срце и пораки со секое колаче -претходно изработени од самите волонтери.
Во тимови започнаа од центарот и патролираа низ градот, ги делеа овие подарoци на случајни минувачи притоа честитајки им го денешниот празник со желби за многу љубов и здравје.
Поголемиот дел од нив ја поздравија активноста и сите беа пријтно изненадени.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови